Планински велосипедизам на Пелистер
  • Планински велосипедизам на Пелистер
  • Планински велосипедизам на Пелистер
  • Планински велосипедизам на Пелистер
  • Планински велосипедизам на Пелистер

Планински велосипедизам на Пелистер

6.130 MKD
без ДДВ: 5.195 MKD
Количина:
Овoј производ има минимална количина од 2

Планински велосипедизам на Пелистер

Актив Туризам и уникатите пејзажи на Националниот Парк Пелистер ги овозможуваат едни од најатрактивните и највозбудливите велосипедски доживувања.

Со особено задоволство Ви ги претставуваме велосипедските патеки:

Велосипедска патека „Големо Езеро“

  • Должина на патеката – 35 км
  • Времетраење на патеката – околу 6 часа
  • Тежина на патеката – тешка
  • Амплитуда на надморска висина – 1420 м. – 2180 м. – 1420 м.

Опис: Патека по земјен пат со можност да се доловат прекрасните видици на Пелистер која е поделена на три периоди од кои најтежок е средниот на искачување.

Препорачлива е за искусни учесници.


Кружна велосипедска патека „Бегова чешма – Големо езеро – Ниже поле“

  • Должина на патеката – 45 км
  • Времетраење на патеката – околу 8 часа
  • Тежина на патеката – тешка
  • Амплитуда на надморска висина – 1420 м. – 2180 м. – 900 м.– 1420 м.

Опис: Комбинирана патека преку која се прави кружен тек низ Националниот парк Пелистер, возејќи на враќање на дел од патеката по асфалтен пат до хотелот Молика.

Препорачлива за искусни учесници.


Велосипедска патека „Маловишта“

  • Должина на патекат – 35 км
  • Времетраење на патеката – околу 4 – 5 часа
  • Тежина на патеката – средна
  • Амплитуда на надморска висина – 1420 м. – 1150 м. – 1420 м.

Опис: Патека до единственото населено место во рамките на Националниот парк, селото Маловишта, кое изобилува со фолклорни мотиви, стара македонска архитектура, цркви и манастири со препознатлива историја.

Препорачлива за поширок круг на планинарски велосипедисти.


Есктремна велосипедска патека „Копанки

  • Должина на патеката – 1,9 км
  • Времетраење на патеката – околу 5 минути
  • Тежина на патеката – тешка
  • Амплитуда на надморска висина – 1636 м. – 1320 м.

Опис: Патека со стрмни делови, погодни природни скокови со Велосипед, доста брза и наменета за натпревари од ваков вид на спортски учесници.

Секако дека околината на Пелистер која изобилува со прекрасни пешачки патеки исто така е погодна за реализација и осмислување на пократки Велосипедски тури кои би можеле да се вклопат во зависност од физичката спремност на гостите кои имаат намера да не посетат.

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

Планински велосипедизам на Пелистер Планински велосипедизам на Пелистер Актив Туризам и уникатите пејзажи на Националниот Парк Пелистер ги овозможуваат едни од најатрактивните и највозбудливите велосипедски доживувања. Со особено задоволство Ви ги претставуваме велосипедските патеки: Велосипедска патека „Големо Езеро“ Должина на патеката – 35 км Времетраење на патеката – околу 6 часа Тежина на патеката – тешка А.. Category: Product #: 02 Regular price: 6.130 MKD 6.130
Available from: Active Tourism
Active Tourism © 2025. UKION SHOPS

УКИОН дооел Охрид | ул. Димитар Влахов 6А, 6000 Охрид
Тел : +389 (0)70 787 850 | e-mail : info@activetourism.mk
ЕМБС: 6475191 | ЕДБ : МК4020009506875