activetourism.mk е платформа која се занимава со промоција на активниот туризам во Македонија. Нашата цел е да го подигниме активниот туризам во државата и да ја доведеме до ниво на топ 10 посакувани дестинации во светот преку целиот период на годината.
Активниот туризам е посебен начин да го поминете вашиот одмор. Тоа е нова патувачка филозофија која ги комбинира авантурата, екотуризмот и културните аспекти на земјата. Активниот туризам е еколошки, социјален и квалитетен начин да се помине вашиот одмор, team building или слободно време. Активниот туризам има три главни цели:
Најдобар начин да ја запознаете вашата дестинација е да патувате со локален пријател кој ќе ви ги покаже сите убавини и атракции. Некој што ќе ви објасни за локалните традиции, за историјата, уметноста и културата. Некој што ве води да јадете типично локална храна, ви покажува каде да купувате и ве носи наоколу. Пријател кој ќе ви ја покаже локалната природа и ве води во авантура. Ова е најавтентичен начин да се посети и целосно да се доживее странска земја.
УКИОН дооел Охрид | ул. Димитар Влахов 6А, 6000 Охрид
Тел : +389 (0)70 787 850 | e-mail : info@activetourism.mk
ЕМБС: 6475191 | ЕДБ : МК4020009506875